Кинезите создадоа вирус, сличен на корона

Кинеските научници експериментираа со мутиран вид на коронавирус кој се покажа како 100 отсто смртоносен кај „хуманизирани“ глувци – и покрај загриженоста дека таквото истражување може да предизвика нова пандемија.

Научниците во Пекинг кои се поврзани со кинеската војска клонираа вирус сличен на Ковид и го употребија за да заразат глувци.

ГХ-П2В (GX_P2V) ги нападнал мозоците на глувците кои се „проектирани“ да можат да одразуваат сличен генетски состав како кај луѓето, и така се проценува дека вирусот може да реагира ако со него се заразат луѓе, објавено е минатата недела во студија од Пекинг.

„Ова го нагласува ризикот од пренесување на ГХ-П2В на луѓето и пружа единствен модел за разбирање на патогените механизми на вирусите поврзани со САРС-КоВ-2“, напишаа авторите на студијата.

-----------
Почитувани читатели, Ве замолуваме да ја заследите нашата Фејсбук страница за да сте во тек со содржината на РЕВИЗОР:


Фејсбук страница
Scroll to Top