ПРЕД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА: „Тесла“ скокна за повеќе од 10 отсто

На Волстрит, берзанските индекси пораснаа и во вторникот, втор ден по ред, при што повторно најмногу скокнаа цените на акциите на технолошките гиганти и на „Тесла.

Индексот Дау Џонс зајакна 0,41 отсто, на 39.331 поени, додека СиП 500 порасна за 0,62 отсто, на 5.509 поени, а Насдак за 0,84 отсто, на 18.028 поени.

Растот на индексите повторно најмногу се должи на растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти. Акциите на „Епл“ поскапеа за 1,6 отсто, а осетно пораснаа и цените на „Амазон“ и „Алфабет“.

Најголема, сепак, беше акцијата на „Тесла“, со скок на цената за повеќе од 10 отсто, затоа што производителот на електрични возила извести за пад на бројот на испораки во второто тримесечје за 5 отсто, помалку отколку што се очекуваше.

Тргувањето беше мирно бидејќи немаше позначајни вести и затоа што во пресрет на Денот на независноста, заради што денес во САД не се работи, обемот на тргување беше намален.

Утре ќе биде објавен извештајот за вработувањето во САД, кој обично има значително влијание на смерот на пазарот.

Инвеститорите се надеваат дека податоците ќе укажат на можно попуштање на инфлацијата, што ќе ги поддржи надежите за позначајно намалување на каматите на Американската централна банка оваа година.

Челниците на ФЕД веќе подолго време порачуваат дека инфлацијата се уште е над целните нивоа на централната банка од 2 отсто и проценуваат дека до крајот на годината е можно едно намалување на каматите.

На пазарот, пак, се проценува дека ФЕД до крајот на годината во два наврати ќе ги намали каматите, почнувајќи од септември.

А, на европските берзи вчера цените на акциите паднаа. Лондонскиот ФТСЕ индекс ослабе за 0,56 отсто, на 8.121 поен, додека франкфуртски ДАКС се лизна за 0,69 отсто, на 18.164 поени, а париски ЦАЦ 0,30 отсто, на 7.538 поени. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс)

-----------
Почитувани читатели, Ве замолуваме да ја заследите нашата Фејсбук страница за да сте во тек со содржината на РЕВИЗОР:


Фејсбук страница
Scroll to Top