Томислав Кежаровски: Вилмич, покроце малу!

Во период на големи препирки по социјалите мрежи и „независните“ телевизии за тоа кој е од кого поголем патриот во заштитата од бугаризацијата“тукашни друмски разбојници, пробисвети и хохштаплери, пред нос ни ги разнебитуваат, и онака разнебитените, судот и обвинителството.

Наместо да мудруваме кој дијалект е земен во кодификувањето на македонскиот јазик подобро е да го видиме она што ни се случува пред очи, она на што веќе европеизираните се прават слепи, ѓомити се случува некаде во Брегот на Слоновата коска.

Оние кои ја искрадоа државата и ги асимилираа институциите од прва до последна, дрско и без усул, перверзно до немајкаде, со судски досетки си го адаптираа системот на своите потреби и желби. Ама тоа е… Така е тука… Тројца го решаваат проблемот со Бугарија, а триста и тројца крадат.

Големите од груевистичкото време, останаа големи и во ова, незам веќе чие време, време што за сите нас требаше да биде и многу поинакво и многу подобро.

Така е кога во државава, ако после се вакво, така може да се нарече ова наше парче земја, законите се креираат брзоплето, без детална анализа, се носат од денес за утре и така донесени оставаат простор за правни манипулации.

Ете, Оки и Саше, од неодамна „охриѓани“, процесот на ресоцијализација, место во некоја од работилниците на „Идризово“, ќе го минуваат по плажите на Охридско езеро. Ама немаат, галичани велат „дикели“ и „какариња“ за таму…

Ја парчосаа Македонија па сега побрзаа, онака патриотски, да се спогодуваат. Мажишта, бе…

Се договорија за сите деталиИ за висината на казната и за местото, оти тие нели се „од големото добро утро“, па не можат да „лежат“ било каде.

Е, како, бе, Вилма, не се договоривте во текот на истрагата, туку откако се’ заврши, мЗарем тежината на извршените кривични дела, Вилма, не ги рангира за затвор од построг тип?

И покроце, де, со „филмот“ за борба со криминалците. Се е веќе видено.

Туку, ич не ми е јасно зошто го одбраа Охрид за да „лежат“. Можеа и Ичичи, или Бечичи… И Водице е убаво. Ете, можеа и во Сплит, на пример. Таму вистински ќе се „изналежеа“ и ќе уживаа во казните“.

И знаеш што, Вилма… Уште па кога ќе ве слушнам оти таков бил законот, коса ми се крева на глава. Туку ајде терајте, и ти и Лиле и сите други околу тебе, тестирајте не на издржливост.

Никој не им го провери имотот. А, па и што ме чуди… Кога и оној што треба да провери од каде им се парите, оној директорон, е бетер од нив.

Вилма, да беше ова некогаш, во една друга држава, ќе „одмораа на Оток, али не на било каков, туку на Голи. И уште многу ќе појдеа оттука. Што судии, што обвинители, што политичари и транзициски профитери и бизнисмени.

Многу наивно делува помислата дека се ова со Оки и Саше ќе помине без забелешки од нам толку посакуваната Европска унија и дека протагонистите ќе поминат туку така.

Вилмане мислиш сигурно дека Прибе пак нема да ни каже дека имаме кориумпиран и заробен систем, и дека царуваат неправда и неказнивост.

А, па Ковеши ќе има и што да види. На оваа романска хероина на правосудството, која своевремено во затвор испрати над 600 корумпирани политичари, што министри, што сенатори, градоначалници и нивни заменици, а и директори на државни компании и водечки менаџери, не и треба многу за да сфати дека судскиот систем ни е трул.

Зарем вреди, бе Вилма, да се биде алка во синџирот на привилигирани криминалци? Јас мислам дека не вреди… Ама, ти си знаеш.

Илјадници луѓе и стари и млади имавме јасен поглед кон иднината, поглед со јасно утврдени цели… Ама ни го замативте, бе ВилмаВие од обвинителството и судот. Направивте да ни се потсмеваат, направивте луѓето што истрошија по неколку рала патики и чевли на Шарената револуција да се каат за тоа што го правеле.

За среќа, има тука во Македонијава, Вилмачесни луѓе. Не се па сите обвинители и судии. Ќе се избориме и со ова.

За крај ќе речам…

Не си ти крива Вилмич. Ниту, пак, Саше е. Уште помалку Оки… Ние сме за стап.

А, тебе началниче, жими се ти кажувам, ич да не ти чуе… И куќа на Женевско да ти направат, за два три дена ќе се заборави. Било, како да не било… Оној директорон кому неодамна ѓомити му правеа претрес со години го спасуваат, не па тебе којшто со пола влада си ортак…

Уживај, началниче, каде и да си!

-----------
Почитувани читатели, Ве замолуваме да ја заследите нашата Фејсбук страница за да сте во тек со содржината на РЕВИЗОР:


Фејсбук страница
Scroll to Top