ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ: „Амазон Веб Сервисис“ инвестира 9 милијарди долари во Сингапур

„Амазон Веб Сервисис“ (Amazon Web Services) денеска соопшти дека во следните пет години ќе инвестира дополнителни 12 милијарди сингапурски долари (околу 8,87 милијарди американски долари) за развој на својата инфраструктура во Сингапур.

„Инвестицијата ќе биде наменета за изградба на ДЦ капацитети, а се ќе биде поврзано со азиско-пацифичкиот сингапурски регион“, изјави Присила Чонг, шеф на АВС Сингапур, за Си-Ен-Би-Си.

Компјутерскиот сектор на американскиот технолошки гигант во азиско-пацифичкиот регион се прошири пред четиринаесет години, и тоа беше негов прв поход надвор од САД и Европа.

„Почнувајќи со нашето вложување во Сингапур во 2010 година, АВС продолжи да ја зајакнува својата посветеност на регионот АСЕАН, споделувајќи го напредокот во дигиталните вештини меѓу нациите, притоа обезбедувајќи сигурна и отпорна инфраструктура доселедно во целиот регион“, рече Чонг.

Чонг додаде дека компанијата обучила повеќе од 400.000 луѓе во Сингапур за разни вештини од 2017 година и дека „ќе продолжи да инвестира во надградба и подобрување на продуктивноста“ низ целата земја.

Експанзијата на вештачката интелигенција доведе до пораст на побарувачката за услуги за центри за податоци, бидејќи обуката за модели со вештачка интелигенција бара огромни количини на податоци.

„Давателите на услуги како АВС играат важна улога во подобрувањето на екосистемите на дигиталната економија. Освен тоа што се основна дигитална инфраструктура за организациите, тие им овозможуваат на компаниите лесен пристап до дигиталните ресурси како што се компјутерите и складирањето податоци, и до напредните можности како што се вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција“, истакна Тан Киат Хау, виш државен министер во сингапурското Министерство за комуникации и информации.

Тан посочи дека АВС, исто така, ќе им помогне на повеќе организации во Сингапур да ги усвојат услугите и можностите на вештачката интелигенција додека регионот продолжува да бележи „силен замаф на дигитализацијата“.

Тан, исто така, забележа дека, иако изгледите за дигиталната економија остануваат позитивни, едноставно нема „доволно технички експерти“ во Сингапур, па дури и глобално.

-----------
Почитувани читатели, Ве замолуваме да ја заследите нашата Фејсбук страница за да сте во тек со содржината на РЕВИЗОР:


Фејсбук страница
Scroll to Top