СТАТИСТИЧКИ ПОДАТОЦИ: Повеќе од 13 милиони невработени во ЕУ, од кои речиси три милиони се млади луѓе

Во март оваа година, сезонската стапка на невработеност во еврозоната изнесуваше 6,5 отсто, додека во истиот месец од минатата година беше 6,6 отсто, што претставува намалување за 0,1 процентен поен, покажуваат податоците на Евростат.

Стапката на невработеност во Европската унија беше шест отсто во март годинава, а „падна“ од 6,1 отсто колку што изнесуваше во февруари.

Според проценката на Евростат, во март невработени се 13 милиони и 258 илјади луѓе во ЕУ, од кои 11 милиони и 87 илјади во еврозоната,

Во март, во Унијата, невработени биле два милиони и 858 илјади млади луѓе (на возраст под 25 години), од кои два милиони и 259 илјади се во еврозоната.

Стапката на невработеност кај младите во март изнесуваше 14,6 отсто во ЕУ, наспроти 14,7 отсто во февруари и 14,1 отсто во еврозоната, 0,3 отасто помалку во однос на претходниот месец.

Во споредба со февруари оваа година, невработеноста кај младите е намалена за 11.000 во ЕУ и за 30.000 во еврозоната. Во споредба со март 2023 година, невработеноста кај младите се зголемила за 150 илјади во ЕУ и за 36 илјади во еврозоната. 

-----------
Почитувани читатели, Ве замолуваме да ја заследите нашата Фејсбук страница за да сте во тек со содржината на РЕВИЗОР:


Фејсбук страница
Scroll to Top